Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синофарм“ која во земја пристигна утрото во пратка од 200.000 вакцини, кои се купени со директни преговори со производителот.
– Би сакал да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа би сакал да го дадам мојот личен пример. Веројатно тоа би можеле да го организираме и следната недела – рече Филипче.
Министерот за здравство најави дека во наредниот период ќе стигнат уште 500.000 вакцини на „Синовак“, 100.000 вакцини од „Синофарм“, како и уште 26.000 од „Фајзер“.