НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче, кртот си замина – но може да се врати за некој следен тендер

2
By Менче Атанасова Точи on July 27, 2018 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставка е најмалата работа што треба да ја направи министерот за здравство Венко Филипче, во моментот. Тој има одговорност пред граѓаните,  да даде отчет и да објасни се околу тедерот за реагенси. Без заобиколување и лаги.

Ако не, Филипче веќе нема кредибилитет да ја врши функцијата министер за здравство.

Наместо тоа, човекот кој требаше да го спасува македонското здрваство, среде скандал галантно си замина на службено патување и тоа цела работна недела. И ни ја тресна вратата на сите, пред нос! Претставата заврши, актерот си замина, без да се поздрави со публиката.

Да, Филипче во една таква ситуација со тендерот за реагенси си замина на конференција за СИДА во Амстердам. Неговиот тим за ова не ги извести медиумите како што е редот. Од приватни канали дознавам дека таму бил цела недела, а излагањето му било дури вчера(четврток). На тоа патување Филипче замина во брзање, во понеделник, претпладне. Знам,  убав е Амстердам во лето за шетање, прекрасен! Висински момент за мала пауза!

Филипче одамна требаше да си даде оставка. Тоа требаше да го стори уште кога за неколку месеци му починаа четири родилки. Од морална причина требаше да си ја понуди својата оставка. Зашто, така се прави во цивилизираниот свет.

Но, министерот имал друг план, се сконцентрирал на новиот тригодишен тендер за реагенси, ни помалку ни повеќе -тежок цели 35 милони евра. Најголем и најскап тендер за реагенси досега, но и во здравството, воопшто. Тендерот за реагенси  на Тодоров од 2015 година за кој во јавноста се крена голема прашина е „мачкина кашлица“ во споредба со овој и чинеше, седум милиони евра.

Филипче, прво настапи тактички. Тој наназад  три месеци не убедуваше дека многу ќе се заштеди со новиот тендер, а излезе дека Министерството здравство воопшто немало направено издржана анализа за тоа. Многу несериозно и понижувачки за граѓаните кои очајно очекуваа промени во здравството, на подобро.

Да, тој успеа еден период и да ги држи  уздите во раце, кога му се кренаа лаборантите и биохемичарите заради централизацијата на лабораториите, нешто што е предвидено со новиот тендер. Професионалците сакаа да знаат како тоа ќе биде организирано, ќе има ли фирма со толкав капацитет која ќе го врши транспортот на крв од еден во друг град, со колку возила, сервисери, фрижидери, магацини,  ќе има ли отпуштања од работа бидејќи работата се концентрира само во осум лаборатории. Тие му укажаа дека транспортот на крв и ваквиот начин на вршење анализи е многу сериозна и деликатна работа!

И што се случи?

На тендерот се јави само една фирма, која е подизведувач, застапник на реномирана компанија на реагенси. И ниту една друга. Што е уште почудно досегашната фирма застапник ги отстапи своите права и се повлече. Фирмата која се пријавила како носител на дејноста тука, има само двајца вработени, формирана е во април годинава, регистрирана во МАЛМЕД четири дена пред да бидат отворени понудите. Нема веб страница, ниту адреса, само приватна и-меил адреса на управителот, млад човек за кој и од неговите фотографии видовме дека имал пријателските врски со синот на поранешниот  прв разузнавач, ама и други од подмладокот на ВМРО ДПМНЕ што добро се нафатираа од претходната власт.

И така сега, кога пукна тиквата младиот господин познат како Жути, видно вознемирен  бара од новинарите да му се  извинат.

Да не треба и за претрпен стрес да им платиме на „друштвото“ за кое веќе и малите деца знаат кое е, што се токмеше да ни набавуваа реагенси и да го организира транспортот и чувањето на крвта.

Подмладокот „зелен“,  ама и постарите, тие што ги пуштија во оган, не се покажаа баш. Здравството стана привлечен плен за бизнисмени кои имаат сомнителни релации.

Нејсе, изгоре работата.  По објавувањето на скандалот, Филипче го снема. Третиот ден се појави во јавноста, блед како крпа, збунет, излезе на прес конференција во недела, а новинарите известување добија неполн час, претходно. Кој успеал да стигне, стигнал.  Филипче, револтиран кажа дека во јавноста излегле многу невистини и шпекулации во врска со тендерската документација.

Другиот ден, сабајле Филипче  даде спротиставена изјава- дека тендерот се поништува заради како што рече„пoстоење на одредени неправилности во документацијата на што укажала првичната евалуација“.

Значи, ноќе правеле евалуација!

На крај виновни излегоа новинарите што постојано нешто истражуваат, за тоа и беа казнети.

Уште се смеам на кажувањата на колегите новинари за тоа како шефицата на кабинет Бојана се јавувала уште во 8 и 30 часот наутро телефонски, селективно само на неколку новинари за да дојдат на прес конфренција. Во шега, колегите велат дека се распаметиле, не стигнале во брзање ни заби да се измијат, оти мислеле дека Филипче ќе си даде оставка. Коментарите одат до таму, што велат дека можеле и да ги остават да преспијат во Министерството за здравство за да не ги викаат повторно толку рано наутро.

За нас другите, и-меил адресата не функционирала и не можеле да не известат.

Се смее цело Министерството на ваквиот обид за правдање. Се смеам и јас, смешно е, но и крајно неодговорно. И прашувам, до кога министерот Филипче ќе го бара кртот меѓу 200 вработени во оваа институција.

Оставете ги луѓето да си работат. Кртот си замина, засега. До некој следен тендер, во ист или поинаков состав.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.