Венко Филипче: Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите. Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст.
Од реформските закони што се предвидени да се донесат, во Собранието не е поднесен ниту еден. За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст – нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден, рече Филипче.