Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил ја сподели веста дека на 14 мај во Македонија ќе стигне втората пратка вакцини преку Ковакс механизмот.
– Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку Ковакс механизмот и ќе ни бидат испорачани 38 400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, напиша Филипче.