Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Најголема опасност се приватните собири – апелирам на разумност кај граѓаните

0
By Менче Атанасова Точи on May 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Битката ја добивме, но војната се уште. Апелирам до граѓаните да се воздржат, мерките за заштита се уште важат, да нема поголеми групирања, да се држи дистанца и задолжително носење на маски. Институциите да интервенираат, да не дозволиме да пропадне се што досега сме направиле“, изјави министерот Филипче

Најголема опасност за ширење на вирусот се приватните собири и групирања. Новите случаи на заразени со коронавирусот најчесто се од семејни собири, но има и стари кластери, информира министерот за здравство Венко Филипче . Тој посочи дека 20-те заболени со КОВИД-19 се од семеен собир во скопската општина Чаир, но и предупреди дека следно ново жариште може да биде Тетово каде има и познати, стари кластери.

„Приватните собири и групирања се најголема опасност за ширење на вирусот. Последниот голем број на заболени се од Чаир, од приватен собир. Новозаболените се од Скопје и Тетово. Големи собири се забранети, граѓаните треба да го почитуваат тоа. Апелирам до граѓаните да се воздржат, мерките за заштита се уште важат, да нема поголеми групирања, да се држи дистанца и задолжително носење на маски. Институциите да интервенираат, да не дозволиме да пропадне се што досега сме направиле“, изјави министерот Филипче.

Иако не посочи за какви приватни настани се работи, на прашањето на НОВА, дали разговарал со поглаварот на ИВЗ, за да ги советува и влијае на граѓаните да внимаваат за време на Рамазанските пости, Филипче одговори дека тоа го сторил на првата средба пред да се отворат џамиите. Со оглед на ова јасно е дека кластерите се од семејни и приватни вечери, организирани за Ифтар.

НОВА, дознава дека минатата недела од таков семеен собир во општина Ченто исто така се заразиле дваеттина лица, роднински поврзани од три куќи во непосредна близина една на друга. Една од заболените е бремена жена која била хоспитализирана во ГОБ„ 8 Септември“.

Овој кластер е затворен, но експертите предупредуваат дека доколку вирусот се прошири на ваков начин, работата на епидемиолозите е завршена бидејќи тешко ќе биде да се утврди кој се, со кого контактирал.

Министерот посочи дека вирусот го има и ќе го има, но со разумно постапување и почитување на мерките ќе се одржи нивото. Комисијата за заразни болести ги анализирала сите аспекти  засега смета дека епидемијата е под контрола.

„Зголемениот број на нови случаи е заради олабавување на мерките  и движењето на граѓаните, што се воведува во сите земји. Дел од новозаболените се од приватни собири, дел се од стари кластери. Битката ја добивме но, војната не е добиена. Од сега со почитување на мерките ќе се држи вирусот под контрола. Економски мора да заживееме, тоа го прави целиот свет, но граѓаните мора да се свесни дека без нив не можеме, болниците не можат сами да ја водат битката“, посочи министерот Филипче.

Тој потенцира дека сите ги почитуваат мерките, следува стабилен период во однос на пандемијата, иако како што рече, свесен е дека има голем број граѓани кои не ги почитуваат мерките, а има такви кои ги почитуваат.

Во тој контекст, Комисијата за заразни болести утре ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник. Овој викенд се преклопуваат двата празника, Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам. Ќе се разговара и за отворањето на угостителските објекти.

„Во текот на  дискусијата ги имавме предвид и престојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки, како и отворањето на угостителските објекти што го најавивме во оваа недела“, рече Филипче.

Тој најави дека утре ќе се расправа и за следните чекори на олабавување на мерки за одредени субејкти и економски оператори, кои ги најавиле за крајот на оваа недела, како и за следните чекори за евентуално дополнително олабавување на превентивните мерки.

Министерот Филипче најави и дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и дека разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.

Одговарајќи на новинарско прашање кога се планира отворање на градинките, Филипче рече дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.

„Некои детали разменуваат Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика. Верувам дека следната недела ќе заврши тестирањето на вработените и веднаш после тоа, меѓутоа тоа ќе биде и во согласност со одлуките да се вратат дел од луѓето на работа за да тоа биде еден координиран процес“. рече Филипче

На прашањето на НОВА, кога ќе започнат да фукционираат факултетите и дали ќе има испитна сесија во јуни за која студентите се подготвуваат, министерот одговори дека за ова прашање дополнитено ќе разговара со министерот за образование и дополнително ќе информира.

Тој потенцира дека се задоволни од динамиката со која се одвива скринингот во градинките, но и од резултатите. Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања за Ковид-19 од кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес. Денешните тестови од скринингот се негативни.

Од 14 мај, досега, се направени 908 тестирања на вработени во градинките во Битола, Скопје и Велес и сите освен еден резултат се негативни. Во Битола е завршен скринингот и тестирани се 322 вработени меѓу кои е и едниот позитивен случај.

Тој најави дека продолжуваат со скринингот во другите ризични групи, вработените во домовите за стари лица, здравствени работници, хроничните болни пред интервенција и пациентите кои треба да почнат да примаат биолошка терапија, како и други групи граѓани за кои се смета дека спаѓаат во ризични категории врз основа на бројот на контакти кои го имаат во текот на денот.

На прес конференцијата министерот Филипче објасни дека и покрај тоа што се одлагаа закажаните операции, итните и неодложни операции се вршеле и досега се направени вкупно 1.800 операции(од 1 март до 1 мај )во три јавни здравствени установи во Скопје и тоа 1.190 во Хирушките клиники, 310 во ГОБ „8 Септември“ и 300 во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Тој потсети и на одлуката на Владата за парична награда за сите здравствени и нездравствени работници кои беа и се уште се вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот.

“Сите тие групи, доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници, болничари, транспортери, возачите во сите ЈЗУ, како и во ИЈЗ,  Службата за Итна медицинска помош ќе добијат награда од 20 проценти од основната плата за два месеца во сите јавни здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови кои го организираа транспортот. Никој нема да биде изоставен, Сите се земени предвид“, рече Филипче.

Тој посочи дека начинот на исплата ќе биде со платежната картичка за што повеќе информации може да даде Министерството за финансии. Додаде дека на матичните лекари им бил зголемен бодот на 8о денари по пациент, така што сега нивните буџети се поголеми, затоа не се во оваа категорија кои ќе бидат наградени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.