Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче наспроти Мицкоски: Во Кочани никој не може да оди со крената глава

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вечерва во рамките на предизборната кампања го посети Кочани, реферирајќи на изјавата на премиерот и негов политички ривал, Христијан Мицкоски, дека во Кочани оди со крената глава, рече: „Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда“.

На митингот во Кочани, Филипче рече:

Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со крената глава не се оди кај оние на кои им се вршеа притисоци за протести. Нема достоинство во ароганцијата и лицемерието.

Филипче додаде дека никој што учествувал во градењето на системот нема право да се амнестира од трагедијата што се случи во Кочани.

Јас нема да кажам дека сум дошол со крената глава. Дојдов како човек што е свесен дека политиката и политичките партии триесет години наназад се оние што го градеа овој систем. И никој нема право да се амнестира. Наназад не можеме да ги смениме работите, но можеме да извлечеме поуки – и да го смениме системот. Да ја смениме иднината, рече Филипче.

Тој додаде дека болката на жртвите во трагедијата во Кочани е болка што не се заборава и празнина што не се пополнува никогаш.

Ова е трагедија што не смееме да ја заборавиме никогаш – за тоа колку животот е кревок, колку брзо може да се изгуби сè и колку многу ни треба човечност, почит и грижа едни за други. Кога ги гледам лицата на родителите што стојат исправени и бараат правда и ги слушам нивните гласови полни со болка и достоинство, знам дека тие луѓе не бараат ништо повеќе од вистината и правдата, нагласи Филипче.

 

Кичево локални Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.