Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ниту еден тест не е 100 посто сензитивен, тоа се покажа кај починатата

0
By Менче Атанасова Точи on March 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден тест не е 100 посто сензитивен, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни што се случувало со жената кај која после смртта беше докажан коронавирусот. Она што го кажа го темели на исказите од болницата и Центарот за јавно здравје во Куманово.

Жената која што почина од Ковид 19 за првап на преглед се јавила на 16 март, имала температура без кашлица и негирала дека патувала во странство, по што и била дадена терапија. Следниот ден на 17 март дошла заедно со нејзиниот син кој исто така имал температура и повторно негирала патување во епидемиолошката анкета и негирале контакт со заболен.

„ На 17 и 18 март примале  терапија во дневната болница, немале кашлица. На 19 март со потежок наод констирана е пневмонија и  се сместени во изолација, по што се земаат брисеви. Значи, на 19 и на 20 март се направени во два наврати анализи на двајцата. Резулатите од 19 март се негативни, а на 20 март се повторен тестот  кај мајката и тој  бил негативен. На 21 март состојбата се влошува направени се обиди за реанимација, но за жал без успех,  пациентката починала.  Со оглед дека компликацијата станува нагло, земен е материјал после смртта, уште еден материјал и тестот е позитивен на коронавирус. Преиспитани се повторно матријалите  уште еднаш  и тие се негативни. Разговараме со експерти,  консултиравме литература никаде тестовите не се 100 посто сензитивни и тоа е докажано“, изјави министерот Филипче.

Тој рече дека е направена епидемиолошка анкета на здравените работници и ќе се види дали ќе одат во изолација или ќе бидат тестирани.

Во однос на тоа како ќе се одвива состојбата со вирусот, Филипче рече дека е тешко да се претпостави како ќе се одвива, но пикот односно врвот на болеста,  се очекува за еден месец.

„Тешко е да се каже колку заболени ќе има, се се само претпоставки. Се надевам со новите мерки ќе постигнеме резулат. Пикот би бил за 1 месец од сега. Верувам дека намалувањето на социјалните контакти ќе овозможи да се намали бројот на заболени и се надевам дека ова што се превзема ќе даде резултат“, рее Филипче.

Тој информира дека е направен е список на лекари кои можат да работат, да се вклучат во во системот во ваква вонредна ситуација и околку во 200 млади лекари и 400 медицински сестри веќе се мобилизирани , како и пензионирани лекари кои ќе бидат повикани доколку има потреба. Филипче нагласи дека лекот за маларија  Лекот за Маларија односно конбинацијата од два типа на лекови, од кој едниот антибиотик, веќе го имаме во државата, а вториот протива маларија ќе се нарача во наредните денови.

„Тие се во фаза кај нас кога се изготвува протокол од страна на струњаци од фармација и ќе се презентираат клиничките студии на Комисија за заразни болести . Го имаме антибиотокот лекот за маларија го немаме, но ќе го набавиме во наредните денови“, рече Филипче.

Тој нагласи дека е разговарано со Амбасадата  од  Кина за добивање на помош веќе неколку пати и дефинитивен одговор ќе се  добие во текот на следната недела.

„Во моментот има 1.400 тестови, завршена е  постапка со која се набавени 1000 тестови,  најавата е дека можеме да набавуваме по 1.000 секоја недела, а ИЈЗ има сопствена набавка на близу 5.000 тестови“, порача Филипче.

Тој смета дека со вклучувањето на матичните лекари во системот кои ќе одлучуваат по однос на симптомите и ќе закажуваат на пунктовите, значајно ќе се олесни процесот.

Во однос на полицискиот час, рече дека секоја компанија која што има работа во смена ќе добие пропусници. Информира дека досега до пладне во државата се вратиле околу 100 државјани иако се најавија 2.000 и тие се сместени во карантин во постоечките објекти, а се обезбедени и други објекти кои може да ги примат тие што ќе доаѓаат од странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.