Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Новата генерација приватни специјализанти ќе добие плата

0
By Нова ТВ on May 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека приватните специјализанти, запишани на јануарскиот конкурс 2018 година, во јуни ќе добијат мајска плата.

Новата генерација приватни специјализанти побараа ист третман за сите специјализанти, се’ до донесување на стабилно и вистинско долгорочно решение за сите засегнати.

„За нас докторите на приватна специјализација, секој следен ден поминат без плата претставува дополнителна фрустрација“, нагласија специјализантите кои денеска одржаа прес-конференција пред Министерството за здравство.

Министерот за здравство Филипче, кој дојде на пресот, посочи дека специјализантите веќе нема да работат без пари.

„Вие сте најкреативниот дел од нашето општество, вие мора да останете во оваа земја, вие сте иднината и на нашето здравство и на медицината“, им порача Филипче на специјализантите.

Тој нагласи дека во Македонија има дефицит од доктори, односно земјата има потреба од над 380 лекари во внатрешноста и околу 150 во Скопје.

„Доколку приватен специјализант се вработи во државна институција, таа ја презема специјализацијата“, објасни Филипче.

Тој наведе дека сега во законот има чудни услови за специјализантите за огромни суми на казни доколку тие се откажат од специјализација, нагласувајќи дека Владата веќе работи на измена на тие услови.

Пред два дена, околу 100 приватни специјализанти му пишаа отворено писмо на премиерот Зоран Заев, со кое бараат и тие да бидат вклучени во решението од  Министерството за здравство за исплата на плати.

„Цела генерација од речиси 100 доктори е изоставена од ова право на исплата на плата за вложениот труд на Клиниките. Форсирањето за исплата на парични средства само за одредена група доктори е дискриминаторско. Плата мора да има за сите приватни специјализанти, друга опција не прифаќаме“, му напишаа меѓу другото незадоволните специјализанти на премиерот Заев.

Минималните трошоци, кои секој специјализант ги покрива за една приватна специјализација чинат помеѓу 8000 и 13 600 евра. Специјализациите во просек траат 5 години за време на кои дипломиран доктор специјализант не прима никаков паричен надоместок за својата работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.