Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Новата регулатива на ЕУ за извоз на вакцини не влијае врз директните разговори со компаниите

0
By Нова ТВ on March 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Промените што ги воведе Европската комисија во механизмот за извоз на вакцини кон трети земји не се однесуваат на нашите билатерални и директни разговори со компаниите, вклучувајќи ги и европските производители, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со новата регулатива која денеска ја објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата од каде што вакцини треба да добие и нашата земја.

-Овие информации се однесуваат исклучиво на механизмот на солидарност односно на вакцините коишто доаѓаат од земјите членки на ЕУ. Ние и на тој механизам интензивно работиме во изминатиот период. За тоа е веќе потврден грантот, некои детали уште се разработуваат и секако некои детали во однос на одговорностите што се однесуваат на трилатералните договори. Тоа значи дека тој механизам на солидарност на ЕУ дефинитивно ќе профункционира по сите надминувања на проблематичните елементи, а тоа, пред се, беше што и самите компании не испорачаа доволно дози кон земјите членки на ЕУ. Ова не се однесува никако на нашите билатерални директни разговори со компании, вклучувајќи ги и европските производители, изјави Филипче за ТВ Телма.

Конкретно, со АстраЗенека веќе имаме потпишано договор преку Ковакс-механизмот, посочи Филипче, ги чекаме и финалните информации од компанијата „Фајзер“ кои се однесуваат кој и како ќе ја преземе одговорноста за несаканите ефекти.

– На тоа потрошивме доста време. Секојдневно разговараме и јас верувам дека овие денови тоа прашање ќе се расчисти, рече Филипче, кој денеска за ова разговарал и со претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За да се подобри механизмот за респределба на вакцини, ЕУ воведува нова регулатива, која опафаќа две промени во постојниот механизам. Се прави промена во реципроцитет односно ќе се следи дали државата која ги произведува вакцините го ограничува сопствениот извоз на вакцини или нивни суровини. Втората воведена измена во постојниот механизам се однсеува на пропорционалност – што значи дека ЕУ се залага за пропорционална распределба на вакцините, а тоа ќе се утврдува според тоа дали условите што преовладуваат во земјата се подобри или полоши од оние на ЕУ, особено епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините.

За да добие целосна слика за распределбата на вакцини, ЕУ во новата регулатива вклучи 17 држави меѓу кои и Република Северна Македонија.

– Но, ова никако не се однесува на директни разговори кои која било земја од Западен Балкан ги има со која било компанија, вклучително и европските. Ова се однесува само на трилатералните договори – кога европските земји отстапуваат дел од своите, што е разбирливо, зашто со овие членови во договорите, кои досега ги немаше, тие прво  самите се обезбедуваат. Вметнати се две клаузули за еднаквост односно анализа дали земјата на која се дава, евентуално, има доволни количини и таа ја извезува, и епидемилошката слика како еден од факторите во распределбата на дозите, истакна Филипче, подвлекувајќи дека  разговорите интензивно се одвиваат во однос на трилатералниот договор и во механизмот на солидарностра се вклучени претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.