Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче одбегна да одговори дали ќе стави ред во хаосот со цени за тестови за Ковид

0
By Менче Атанасова Точи on August 30, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство не одговори дали ќе се воведат единствени цени или контролирани цени на тестовите за Ковид во приватните лаборатории. Со тоа државата не само што ќе стави ред во бизнисот кој „цвета“ за време на пандемијата, туку и ќе се солидаризира во врее на вонредни услови, а на граѓаните ќе се овозможи поголема достапност до овие здравствени услуги.

Со ова министерот Филипче го одбегна одговорот на прашањето на НОВА, дали ќе им застане на патот на „напумпаните цени“ за тестови за Ковид во приватните лаборатории кои се на листата и чии резултати се впишуваат во дневните извештаи на Министерството за здравство.

“Фондот за здравствено осигурување ги утврдува цените само на јавните здравствени установи“, е краткиот одговор, кој воопшто не се совпаѓа со прашањето упатено до ресорното министерство, кое всушност им даде амин на приватните лаборатории да прават тестови бидејќи државните капацитет биле малку.

Така тие си формираа свои цени, различни но, многу високи, а министерството не презема ништо.

Македонија е една од ретките земји, ако не и единствена која им дозволи на приватните лаборатории и болници да земаат брисеви и вршат тестирање за потребите на јавното здравство, а при тоа нема контрола на цените кои се вртоглаво високи.

Во Холандија на пример, нема приватни лаборатории, односно тестовите за Ковид се исклучиво доверени на Гегете институтот за заразни болести и граѓаните не плаќаат ништо.

Во Германија тестовите се исто така бесплатни за осигурениците, а речиси сите се осигурани. Дури и на бензиските пумпи има пунктови за брис, а резултатите се добиваат за 48 часа. Според информациите од таму, услуга може да плати странец кој не е осигуреник, кој престојува на кратко или сака да патува во некоја од ризичните земји.

За разлика од европските земји, кај нас и за операција кога е задолжително да се направи тест за Ковид се оди во приватните лаборатории.

Нада Спасиќ покрај целата голгота што ја преживеале со нејзиниот сопруг низ лавиринтите на здравствениот систем, морале ден пред операција на рбетот да направат и тест за Ковид.

Вистинско чудо беше како успеавме да завршиме со сите прегледи, ни остана само тестот за Ковид. Резултатот моравме да го имаме до утредента. Моравме да го направме приватно, па отидовме во Систина, раскажува Спасиќ која својата голгота ја сподели и јавно на социјалната мрежа Фејсбук.

„Беше околу 15 часот, маж ми се превиткуваше од болки, бевме излезени од утрото и тој цел ден беше во количката.  Конечно, дојдов на ред пред шалтерот во Систина. Службеничката погледна на саатот и ми рече: „Сега е 15.10 часот. Овде во Систина до 15.00 часот тестот за КОВИД чини 6.000,00 денари, а по 15.00 часот е 12.000,00 денари“.

Искрено, ми се сврте во главата од сумата, а и од жешкото, па и од сè поминато тој ден. По што таа ми рече: „Ако сакате, ако не, не морате!“

Потоа скопјанката Нада Спасиќ вели:

Платив. И потоа чекав уште 30 минути да дојде лекар од КОВИД центарот во болницата, да му земе брис на сопругот, кое траеше 1 минута. Додека чекавме тие триесетина минути, 4-5 пати пати замолував да дојдат побрзо, зашто мислев дека маж ми ќе се онесвести од болката. Службеничката ми рече дека таа си ја завршила нејзината работа, сега треба друг да преземе!

Се разочарав 100% во сè. Ова е страшно! И нема каде да се жалиш. Кога си болен сè ќе направиш само да завршиш работа, а тие сите максимално ја користат шансата да ти ги земат парите“, раскажува Нада Спасиќ.

Како што објави НОВА пандемијата со Ковид многу приватни болници и лаборатории ја искористија за брза заработувачка.

Цените на ПСР тестовите се движат од 3950 за 48 часа, до 12 000, а некаде и над 14 000 денари за брз тест изработен за 8 часа.

Од почетокот на пендемијата до денес во приватните болници и лаборатории направени се скоро 60 000 тестирања на Ковид-19. Тоа се 40 проценти од вкупно направените тестови во државата.

Со тоа приватните лаборатории заработиле  над 3, 5  милиони евра, пресметано по цена која важи од 27 април годинава. Ако на тоа се додадат и брзите тестови кои се три пати поскапи, како и серолошките, сумата е многу поголема.

Додека многу фирми пропаѓаат, пандемијата со коринавирусот на многу приватни болници и лаборатории им овозможи да профитираат брзо.

Во нашата држава затаи солидарноста, а државата никако да воведе единствени цени за тестовите во сите лаборатории, кои се неспоредливи со јавното здравство, ниту пак се превземаат мерки против ваквите„ напумпани“ цени кои удираат директно по џебот на граѓаните во време на светска пандемија со коронавирусот.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.