Здравствениот дом во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен и Свети Николе, како и поликлиниката „Идадија“ и Институтот за физикална медицина во Скопје ќе станат енергерски ефикасни откако Светска банка обезбеди 46,5 милиони евра за два проекта значајни за економскиот развој на земјата.
Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари.
Селекцијата на домовите, како што посочи министерот за здравство Венко Филипче, е направена врз основа на состојбата во која се наоѓаат овие јавни здравствени установи.
– Целта беше да имаме еден диспензиран систем во кој што повеќе граѓани ќе добиваат здравствена услога во современи здравствени објекти, истакна Филипче.