Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Владата презентираше мерки кои имаат цел да ја намалат смртноста кај доенчињата и родилките.
– Во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА, подготвивме пакет на мерки кои, силно веруваме дека ќе придонесат за намалување на смртноста на новороденчињата и родилките. Со нив ќе се подобри и целокупната грижа за мајките и нивните бебиња додека се во болница – рече Филипче.
Според податоците на Државниот завод за статистика во 2016-та година, од 1000 живородени, починале 11,9 бебиња не постари од 1 година. За споредба – европскиот просек е повеќе од двојно помал, односно 5,2%. Ова е целта која сакаме да ја постигнеме за период од најмногу две години.
Во Гинеколошко – акушерската клиника во Скопје годишно е предвидено да има од 3500- 4000 породувања, но се изведуваат по околу 6 илјади.