Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Што и да прашам вие ќе дефокусирате – ќе кажувате Венко, Заев, влијание, вака, така, онака – на прашањата не одговарате  

0
By Zoran Ivanov on December 25, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 25, 2025 16:19

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања укажа дека по речиси две години Влада, премиерот Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ немаат дадено конкретен одговор на ниедно суштинско прашање што ги засега граѓаните, туку континуирано користат дезинформации за да ја дефокусираат јавноста од нивната неспособност и криминалните зделки.

Што и да прашаме, вие ќе дефокусирате, ќе кажувате – Венко, Заев, влијание, вака, така, и сето тоа никако не одговара на вистинската ситуација во земјата ниту, пак, некој ќе даде вистински одговор на некое од прашањето што ги засега сите граѓани, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче посочи дека и покрај тоа што власта одбегнува да даде одговори на клучните прашања, граѓаните ја гледаат реалната состојба во држвата – нема реални реформи во правосудството, нема реформски закони усогласени со европските препораки, нема напредок во контролата на цените, нема решенија за загадениот воздух, ниту подобрување на стандардот на граѓаните.

Нема ниеден реформски закон. Европа знае дека вие повеќе не сте партнери, знае дека не ја кажувате вистината кога зборувате со европските функционери.

Само два закона сега набрзина се во постапка, и тоа без апсолутно да се имплементираат препораките од оценската мисија, односно некоја ваша модификација на овие препораки, кои на власта ѝ одговараат, а кои треба да бидат реформски закони, рече Филипче.

Тој додаде дека критиките и прашањата не доаѓаат од опозицијата, туку директно од граѓаните, кои секојдневно ги чувствуваат последиците од лошото владеење, растот на цените, економската несигурност и институционалниот застој.

 

ДПМНЕ прашања Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.