Венко Филипче: Социјалдемократскиот сојуз е единствената вистинска државотворна партија која низ историјата секогаш била на страната на интересите на државата и граѓаните. Во овие 34 години, СДСМ покажа дека со искрени и храбри одлуки секоја зацртана цел и успех се остварливи. И горди сме на секој национален успех, на секоја политика која придонела граѓаните да се чувствуваат подобро. Низ годините поминавме многу премрежја, но никогаш не отстапивме од социјалдемократската идеологија за еднаквост, праведност и солидарност. СДСМ секогаш ги штитела правата на секој граѓанин, без разлика на пол, вера или етничка припадност. Тие се основата врз која сме ги граделе и ќе ги градиме нашите политики. СДСМ ќе се издигне и сега! Сплотени и единствени ќе ги поминеме овие опозициски премрежја, ќе ја обновиме силата внатре во партијата. Ќе покажеме дека СДСМ била и секогаш ќе биде силна партија која носи решенија и промени, партија која носи победи за Македонија и која се грижи за народот и напредокот на државата. Ние социјалдемократите имаме и не смееме да се откажеме од својата историска мисија – да ја направиме нашата земја подобро место за живеење. Да живее Социјалдемократскиот сојуз на Македонија!