Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Терапијата не дава резултати кај тешките форми на КОВИД-19

0
By Менче Атанасова Точи on April 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четворицата пацинети кои починаа на Инфективната клиника имале тешка форма на болеста. Двајца од починатите во последните 24 часа, се од Скопје на возраст од 79 години и 63 години, едно лице е од Прилеп на возраст од 67 години и од Велес  на 58 години. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека искуството на нашата земја на Инфективната клиника каде што се хоспитализирани најтешките случаи одделот за интензивна нега, покажува дека оваа тешка форма на болеста многу тешко се третира и многу ретко дава резултати.

„Нашето искуство на Инфективна клиника е такво што оваа тешка форма на болеста, многу тешко се третира и покрај целата терапија која се дава не само за белите дробови, се вклучува се што е потребно, но сите превземени мерки  и терапијата не даваат резултати во таа крајна фаза на болеста или пак, многу ретко даваат резултати“, изјави Филипче.

Станува збор за луѓе кои се приклучени на респираторни машини, за кои и претходно министерот кажа дека никој не станал од машина и не оздравел.Тој нагласи дека во повеќе случаи, кај лица кои не се во ваква критична состојба терапијата од комбинација на два типа на лекови дава резултати и веќе се пуштени дома, но не прецизира колку пациенти ја примале и колку точно се излекувале.

„Очекуваме и дополнителна терапија од студијата во која сме вклучени, донација на антивирусен лек од Јапонија и се надеваме дека во брзо време ќе имаме одговор дали ќе ја добиеме и кога ќе стигне“, рече Филипче.

На Инфективна клиника примени се тројца нови пациенти, така што сега таму се хоспитализирани 68, а 8 од нив се наоѓаат на респираторна машина. За два дена ќе биде комплетно готова мобилната болница со капацитет од дополнителни 130 кревети.

Во болницата во Штип се излекувани тројца пациенти, таму сега вкупно има 9 хоспитализирани. Во болницата „8 Септември“ хоспитализирани се 31 заболен, 6 се приклучени на машина за дишење. Во болницата во Битола има 5 пацинети и тие не се во тешка здравствена состојба.

Дијагностицирани се 26 нови случаи на коронавирус во земјава со што бројот се зголеми на 854 лица. Новозаболените се од: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1. Направени се вкупно 8 552 тестирања досега.

Во текот на неделата се отвораат две нови лаборатории во МАНУ и на Судска медицина, најави министерот Филипче.

„Овие лаборатории ќе помогнат да се намали чекањето за тестирање и ќе бидат со капацитет од 50 д0 100 тестови дневно“, рече Филипче.

Министерот рече дека е направен распоред за распределба на 1 милион маски кои се донација од Чешка, а кон крајот на неделата се очекува и донација на заштитна медицинска опрема од САД која ќе биде распределена во болниците или ќе се чува во Министерството за здрваство, како залиха и по потреба ќе се дистрибуира каде што треба. Донацијата од 20 000 тестови ќе бидат искористени за скрининг на неселението во Дебар.

„ Ќе направиме скрининг за антитетела на 20 до 30 проценти од населението на Дебар за да се процени имунитетот , за да знаеме што не очекува понатаму, а истото може да се направи подоцна и на ниво на цела држава“, изјави Филипче.

Во однос на прашањето на НОВА дали се размислува да се затворат градовите пред Велигден бидејќи уште сега се собираат групи за дружба и славење по викендици, Филипче рече дека му е познато дека нашиот народ е дружељубив, а за оваа мерка ќе се разговара на седница на Влада, денеска по што ќе биде известена јавноста. Во однос на олабувување на мерките во средината на месец мај кога се рамазанските пости и масовните дружења и заеднички вечери, министерот рече дека дека ќе се придржуваат до медицинските препораки дадени за тој период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.