Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче уште повеќе ги намали лабораториите-можно е префрлање на кадар

0
By Менче Атанасова Точи on June 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата покрај лабораториите за крв ги централизира и магацините, така што од 120 магацини за реагенси со новиот тендер ќе има само осум. Нема да има отпуштања од работа од другите лаборатории, но можни се префрлања 

Наместо 12 централни лаборатории за анализа на крв како што стои во тендерот за реагенси,  Владата одлучи да го намали нивниот број на осум и уште повеќе ги централизира лабораториите. Две центарални лаборатории ќе бидат во Скопје и тие ја анализираат крвта од сите болници, клиники и амбуланти во градот, а другите се во Битола,Куманово, Штип, Охрид, Струмица и Тетово. Ова го најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче нагласи дека нема да има отпуштања од работа на вработените во другите лаборатории, но можно е да има префрлања,според потребите. На прашање на НОВА, што ќе работи стручниот кадар во другите лаборатории во болниците и клиниките, министерот со одговор:

„Тие ќе вадат крв, ќе ги опслужуваат пациентите, ќе служат како сервис, а доколку треба некои ќе ги префрлиме на Клиничка биохемија. Мислам дека нема да има потреба или отворени сме, доколку се изнуди потреба со оглед дека апаратите се гратис, ако се јави потреба некаде да дополниме. Не очекувам, но спремни сме да интервенираме“, изјави министерот Филипче.

Над 300 апарати за анализи кои беа добиени со последниот тендер пред три години ќе бидат исфрлени од употреба, а со новиот тендер од фирмата очекуваат гратис 112 нови апарати. Вообичаено, тоа е пракса од секој тендер. Овој пат, вели Филипче, сервисирањето ќе било бесплатно. Министерот најави централизација и на магацините така што од 120, сега ќе има само осум централни магацини каде што ќе се чуваат реагенсите.

Според најавите на министерот Филипче пациентите нема да бидат оштетени, во нивните места на живеење ќе им се прават анализи кои досега не се правеле и ќе се праќаат во централните лаборатории, а во Скопје резултатите ќе се земаат истиот ден. Транспортот е вкалкулиран во цената и е должност на фирмата која ќе го добие тендерот.

Министерот изјави дека се рационализираат лабораториите во малите маста, како на пример Кавадарци каде што се прават анализи и во Здравствениот дом и во болницата. Голем број реагенси се фрлаат бидејќи пакувањата се големи, а немаат потреба од нив. Со овој тендер и со централизирање на лабораториите, вели дека заштедите ќе бидат од 10 до 20 проценти. На реакциите на стручната фела дека нема да ги задоволат потребите малите апарати кои ќе бидат поставени само за итни случаи, Филипче одговори дека ќе бидат доволни за итните случаи. Попладне и навечер ќе се прават само итни анализи за крв.

„Малите портабл апарати не ги задоволуваат потребите за сите анализи, но не ни сакаме да ги задоволуваат бидејќи се тоа многу скапи анализи. За итност комплетно ги задоволуваат потребите. За итни случаи резултатите ќе бидат истиот ден, доколку нема итност резултатите ќе бидат следниот ден“, рече Филипче.

Наспроти стручната фела која тврди дека ваквиот начин на централизација ќе не врати 50 години назад, министерот смета дека на овој начин здравството ќе заштеди, а министерството ќе ги има под контрола сите лаборатории.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.