Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Вакцинацијата продолжува според возраста

0
By Нова ТВ on May 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека имунизацијата на населението продолжува да се одвива според возрасната граница. До крајот на следната недела треба да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани и тие ќе имаат приоритет пред помладите.

Околу 40 отсто од вкупното население над 70 години, веќе е вакцинирано, нагласи Филипче.

Според него, граѓаните кои се вакцинираа во Србија со „Астра зенека“, а се под 60 години, нема да се ревакцинираат со оваа вакцина, туку со „Синофарм“ или „Фајзер“, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари.

-Пријавените повозрасни граѓани во Скопје и ширум државата заедно со сите дополнително пријавени по пресекот наоравен на 30 април, ќе бидат вакцинирани до крајот на следната недела и тоа е бројка од 8.000 дополнително пријавени по 30 април. Тие ќе имаат приоритет пред помладите. Затоа е битно сите да знаат дека е потребно да се пријават и да добијат термин за вакцинација – повозрасните преку матичните лекари или директно на сајтот „вакцинација.мк“. Тоа е единствениот начин на кој можеме да ги регрутираме пријавените за вакцинација, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по приемот на новите 100.000 кинески вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“.

На денот на пресекот, 30 април, додаде, биле пријавени околу 130.000 – 140.000 граѓани, а потоа се пријавени уште близу 150.000.

-Мал број од овие граѓани се повозрасни зашто веќе околу 40 отсто од вкупното население над 70 години е веќе имунизирано. Кога се исцрпува вакцинирањето на повозрасните групи, се симнува возрасната граница. Таму каде што се дополнително пријавени граѓани над 70 години или нешто под, се приоретизираат. Но, ако нема такви, продолжува вакцинацијата со спуштање на возрасната група додека не се вакцинираат сите пријавени на сајтот „вакцинација.мк“, објасни министерот.

И во однос на ревакцинацијата, граѓаните, потенцира Филипче, треба да се пријавуваат преку матичните лекари. Според него, секој има можност да добие термин.

-Граѓаните кои треба да се ревакцинираат со „Астра зенека“, а се под 60 години, тоа, согласно нашиот план, националната стратегија и стручното мислење, не ќе може да го напарават. Кинеската, „Фајзер“, од сите вакцини за ревакцинација има сосема доволна количина, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари. Најдобар механизам за пријавување на граѓаните кои се вакцинираа во Србија е преку матичните лекари. Матичните лекари имаат механизам како да ги пријават граѓаните кои треба да се ревакцинираат преку системот „Мој термин“ кој потоа ќе генерираа термин во делот за ревакцинација. Овој систем е јасен, подвлече министерот. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.