Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, на која се разговараше за важноста на изборните реформи и демократските процеси во земјата.
На средбата заеднички беше констатирно дека од исклучитена важност е запазувањето на роковите и спроведувањето на реформската агенда за Северна Македонија, што произлегува од Планот за раст за Западен Балкан.
Дополнително, претседателот Филипче го информираше шефот на Мисијата на ОБСЕ за тековните внатрепартиски реформи и подготвителните активности за претстојните локални избори, нагласувајќи ја посветеноста на СДСМ кон фер и транспарентен изборен процес во согласност со највисоките демократски стандарди.