НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Вирусот не опстанува на топлото време, но може лесно да се појави случај на заразен

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Топлото време не му погодува на корона вирусот, односно според епидемиолозите вирусот не опстанува на топлото време, но тоа не значи дека не  можеме лесно да се соочиме со прв случај на заразен, изјави министерот за здравство Венко Филипче на брифингот со новинарите доцна попладне.

Тој нагласи дека системот е подготвен да одговори во ваква ситуација. Утврден е протокол како здравениот систем ќе одговори во ситуација да се појават заболени.

„Имаме изолација во три болници и на Инфективна клиника каде ќе се лекуваат евентуално заболените. Во Министерството за здравство имаме залиха од 40 000 заштитни маски. Денеска вакви маски се пратени на граничната полиција, на Клиниката за детски болести, на Инфективна клиника и во штипската болница. Има и доволно скафандери за медицинските лица“, рече министерот Филипче пред новинарите.

Тој нагласи дека на интензивното одделение на Инфективна клиника има 8 респираторни машини, но ќе бидат донесени уште за две, за кои смета дека се доволно.

Филипче рече дека е во постојан контакт со министрите за здравство во земјите од регионот каде што веќе има потврдени случаи на заразени, а утре во Скопје ќе пристигне и регионалниот директор на СЗО за Европа. Во план е да се подготви видео спот со заштитните  мерки, како и флаери кои ќе се емитуваат на сите медиуми.

Инаку двата случаи кои беа тестирани на коронавирус, едниот ноќеска, другиот денеска, се негативни.

Од Министерството информираат  дека тројцата директори во Штип, Гостивар и Велес веќе имаат преземано соодветни чекори да се спремат одделенијата во таа насока. Има добра координација и добро испланирани  чекори по препорака на текот на вчерашниот ден на Комисијата за заразни болести.

Од вчера, Министерството за здравство во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Владата на РСМ го подигна степенот на алертност на највисоко ниво и преземени се зајакнати мерки на претпазливост. На денешната владина седница донесени се повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.

На денешната владина седница утврдено е Министерството за здравство да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и Граничната полиција, Центарот за управување со кризи и Секторот за односи со јавноста во Владата. Со цел точно и навремено информирање на јавноста, Центарот тесно ќе соработува со медиумите, предвидени се и по 2 брифинга во текот ан денот со новинарите во Министерството за здравство. Апелираат до јавноста да се потпира само на официјалните информации издадени од Центарот.

„Упатувам апел сите да се придржуваат до официјалните информации коишто ќе произлезат од оваа група за менаџирање на овој проблем која што е веќе формирана во МЗ. И тимот и јас лично сме на располагање 24 часа за да споделуваме вистински и точни информации“, изјави министерот Филипче.

Меѓу заклучоците на денешната владина седница и:

  • Ограничување на влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир;
  • Итна набавка од страна на Министерството за здравство на соодветна количина заштитни средства (маски, ракавици, дезинфекциски средства и заштитна облека) за институциите од системот за Интегрирано гранично управување и за другите институции со цел заштита на персоналот;
  • Итна набавка од страна на Министерството за здравство на соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските  градинки и јавните тоалети;
  • Задолжително одложување на сите предвидени патувања и екскурзии во Италија за сите основни и средни  училишта и сите универзитети и организирање на едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје;
  • Препорака до граѓаните да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот;
  • Препорака до установите за згрижување на деца од предучилишна возраст да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките. Објавена е и листа на телфонски броеви каде што ќе можат да се обраќаат граѓаните во случај да се појават симптоми.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.