Алекс Гибни (Alex Gibney) ги има режирано некои од најдобрите политички документарци последниве години, вклучувајќи го оскаровецот Taxi to the Dark Side, Enron: The Smartest Guys in the Room и од неодамна, катастрофалното експозе на сексуални предатори во Католичката црква, Mea Maxima culpa: Silence in the House of God.
Во Ние ги крадеме тајните тој е во неговата најдобра кондиција во форензичка смисла, луцидно ја раскажува приказната за тоа како Џулијан Асанж стана најпознатиот протекувач на информации (whistleblower) во светот преку неговото откривање со Викиликс на американските државни тајни, и за тоа како една од неговите најзначајни извори, Бредли Манинг, осамен, идеалистички, на военото разузнавање аналитичар, го откри неговиот идентитет на ЦИА од страна на младиот бисексуалец, можеби со аутизам хакер АдријанЛамо.