Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од Еуримаж

0
By Ана Василевска on April 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебитантскот филмски проект „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од паневропскиот филмски фонд Еуримаж, на 168-та сесија што се одржа во март годинава. „Диџеј Ахмет“ е избран во конкуренција со 76 европски проекти и е поддржан со 160.000 евра. Како мнозински копродуцент, од нашата држава, продукцијата ја потпишуваат „Синема футура“, „Сектор филм“ и „Протим видео продукција“, а проектот ќе се работи во копродукција со „Алтер висион“ од Чешка и „Бекрум продакшн“ и „Баш челик“ од Србија.

Како што е најавено, турскиот ТВ-канал ТРТ, исто така, е заинтересиран и веќе најави финансиско учество во овој проект. 

„Во мојот мандат од 2018 година до денес, ова е 14-ти проект поддржан од Еуримаж во кој учествуваат македонските продуценти. Станува збор за поддршка од најпрестижниот филмски фонд основан од Советот на Европа и поради тоа успехот е толку значаен. Овие 14 проекти во изминатиов период добиле вкупна финансиска поддршка од 2,25 милиони евра, што доволно јасно зборува за квалитетот на македонската кинематографија и на македонските филмски работници. Кон ова ќе додадам дека завршените проекти веќе станаа и дел од најпрестижните филмски фестивали во светот. Мене особено задоволство ми причинува и фактот што Еуримаж препозна и проекти на нашите млади автори, генерациите кои очекуваме допрва да ги освојуваат фестивалите и салите во светот, изјави Тања Ќурчинска-Пепељугоска, македонскиот национален претставник во Еуримаж.

Ќурчинска-Пепељугоска од јануари годинава е и членка на Извршниот комитет на Еуримаж. 

„Во време на нејзиниот мандат, како и во ек на ковид пандемијата, во 2020 беше донесена одлуката македонските филмски работници да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции, наместо како што беше претходно, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти. Тоа беше резултат на тоа што Македонија ја ратификуваше ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, со која се уредуваат односите меѓу копродуцентите што учествуваат во содавањето филм“, соопштија од Еуримаж.

Така, како што посочуваат, во тој период поддршка од Еуримаж добија „Најсреќниот човек на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска, „Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, „Тело“ на Петра Селишкар, „Зад стоговите сено“ – првата грчко-македонска копродукција на Асимина Проедроу. За првпат лани, во иста година три македонски филмови, на Митевска, Манчевски и Венинова, имаа светски премиери на фестивалите од А-категорија, Венеција, Токио и Каиро, а копродукцијата на Проедроу освои пет награди на фестивалот во Солун.

Ѓорѓи Унковски Македонски филмови Поддршка од Еуроимаж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.