Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот „Исцелител“ ќе се прикажува на најголемиот филмски фестивал во Норвешка

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран да се прикажува на најголемиот интернационален филмски фестивал во Норвешка – Тромсо. Премиерното прикажување ќе биде на 16-ти јануари, а филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот. „Исцелител“ ќе биде прикажан во престижната програма „Хоризонти“ во која се избрани филмови од различни жанрови и стилови од целиот свет и во која единствен критериум е квалитетот. Во оваа програма се прикажуваат најзначајните кинематографски остварувања од минатата година како: добитникот на 42 награди, американскиот, „Call Me by Your Name“, добитникот на сребрена мечка „Bright Nights“ на германскиот режисер Томас Арслан, добитникот на „Un Certain Regard Award“ на канскиот филмски фестивал „A Man of Integrity“ и други.

Ова е 27-мо издане на фестивалот во Тромсо, кој со бројка од 60 000 постители е најголемиот и најпосетуван филмски фестивал во Норвешка. Малиот град Тромсо е лоциран на островот Тромсоја на најгорниот дел на норвешкиот арктички брег а фестивалот е несомнено еден од најсветлите настани во темните јануарски денови без сончева светлина, период одлично одбран за значаен филмски фестивал. Со ова прикажување продолжува успешната промоција на филмот. Претходно, на новогодишната ноќ „Исцелител“ беше премиерно емитуван на Синемакс 2, канал на HBO, во 14 земји од Централна Европа.

Во изминатите два месеци „Исцелител“ ја освои наградата на публиката на Солунскиот филмски фестивал (прва во македонската историја), специјалната награда за сценарио на Фестивалот на медитерански филм во Брисел, беше прикажан на фестивалите од А категорија во Талин во  Естонија и Гоа во Индија, а доби и фантастични рецензии во најзначајните филмски списанија „Варајети“, „Скрин Дејли“ и „Холивуд Репортер“ кој дури предложи идеја да се направи американски римејк на филмот.

„Исцелител“ предизвика огромен интерес и кај домашната публика, тој веќе осма седмица се прикажува во кината Синеплекс и Милениум во Скопје, а ја имаше и својата премиера во Битола и Штип.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.