Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмскиот Фонд ќе поддржи 78 филмски проекти

0
By Нова ТВ on January 10, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмскиот Фонд на Република Македонија на последната седница ја усвои Годишната Програма за финансирање на филмски проекти од национален интерес за 2014 година, согласно последниот распишан конкурс од страна на фондот.

На последниот конкурс беа пријавени вкупно 78 филмски проекти, односно 28 долгометражни филмови, 20 документарни филмови, 28 кратки филмови и 2 анимирани филмови.

Според програмата, објавена на веб-страницата www.filmfund.gov.mk, поддршка за снимање ќе добијат девет долгометражни играни филмови, од кои со највисока сума (по 30 милиони денари) ќе бидат поддржани „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар-Митевска, „Цар Самоил“ на Антонио Митриќески и „Чекај ме (Сведок)“ на Митко Панов.

По 12 милиони денари ќе добијат долгометражните „Златна петорка“ на Горан Тренчовски, „Омниблуз“ на Александар Русјаков и „Септември“ на Даријан Пејовски, а по 5 милиони денари филмовите „Татко“ во режија на Висар Морина, „Шишка Де Лукс“ на Јан Цвитковиќ и „Бодликаво прасе“ на Срѓан Драгојевиќ.

Агенцијата за филм ќе поддржи седум документарци – „Пожарникарот Муци“ во режија на Саша Станишиќ (600.000 денари), „Осветлената темнина“ на Арсим Фазлија и „Опера“ на Бајрам Бајрами (по 900.000 денари), „ТАТ (Транзициска еуфорија или национална измама“ во режија на Сашо Миленковски (1.200.000 денари), „Берн Берн“ на Сабидин Али и „8/Македонска чалгиска традиција“ на Блаже Дулев (по 2.000.000. денари) и „Амфитеатарот на Скупи“ на режисерот Владимир Блажевски (3.000.000 денари).

Осум кратки играни филмови ќе добијат финансиска поддршка: по 900.000 денари „Земја“ на Ибрахим Деари, „Карма“ на Владимир Митревски, „Касапот“ на Илчо Царовски и „Пепи и Муто“ во режија на Георги Унковски, а со по 2.000.000 денари ќе бидат поддржани: „Денот кога сакав да умрам“ на Петар Џуровски, „Аида“ во режија на Сенад Абдули, „Секој ден мора да се јаде“ на Марко Ѓоковиќ и „Роденден“ на Косара Митиќ.

Агенцијата ќе финансира и два анимирани филма: „Девојката што паѓа“ во режија на Владимир Лукаш и 800.000 денари и „Готлиб“ на Крсте Господиновски и 900.000 денари.

Според новиот Закон за филмска дејност, кој стапи во сила на почетокот на годинава, Агенција за филм на Република Македонија еднаш годишно (јануари) ќе распишува конкурс за финансирање филмски проекти. Тој ќе трае во текот на целата година, а по конкурсот ќе одлучува двапати годишно, во април и во октомври.

Со новиот закон, пошироки се ингеренциите и активностите во филмската дејност, вклучувајќи и грижа за дистрибуцијата на филмови, киноприкажувачката дејност, воведување единствена евиденција на податоци за филмската дејност, категоризација на филмови заради заштита на малолетни лица, продукциски олеснувања со цел поттикнување на вложување средства во нови филмови…

– Агенцијата за филм со новиот закон очекува да се зголеми бројот на продуцирани филмови, да се зголемат средствата кои ќе се доделуваат, но вооедно и очекува филмаџиите да понудат многу нови свежи идеи интересни за пошироката публика, како комедии, филмови за деца и млади, но и филмови инспирирани од нашето поблиско и подалечно историско минато, филмови кои ќе бидат интересни за домашната публика и атрактивни за меѓународните филмски фестивали. Од друга страна, Агенцијата за филм ќе продолжи со вложување во развој на киномрежата во Македонија каде во изминатиот период беа набавени дигитални проектори за 20 града. Интенцијата на Агенцијата за филм ќе биде филмовите да стигнат до што поширока публика низ целата земја, соопшти Агенцијата за филм.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.