Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филозофскиот факултет на УКИМ одбележува 101 година

0
By НОВА ТВ Balaban on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Факултетот денес ги следи и светските трендови, пред сè  во делот на визитинг-предавања од водечки светски професори, меѓународна размена на професори и студенти, реализирање летни школи и семинари. Во изминатите децении факултетот е вклучен и во носењето на многу закони и стратегии во разни области.

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска  одбележува 101 година од основањето. За годишнината организира настан од 11 часот, на кој  ќе се обрати деканот Ратко Дуев, ќе бидат доделени благодарници, ќе бидат промовирани Годишниот зборник на Филозофскиот факултет, Зборникот од Втората научна студентска кнференција МЕЕТ и 24-тиот број од списанието „Внатрешен патник“.

Во рамки на презентацијата на факултетските научно-истражувачкки проекти, ќе биде претставен и Еразмус-проектот „Пристапно и дигитално киултурно наследство“ од раководителот на проектот, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс.

Филозофскиот факултет во Скопје е основан на 16 декември 1920 година и е прва високообразовна институција во Македонија, со која се смета дека започнува ерата на модерното високо образование во земјава.

– Само до Првата светска војна, кога прекинува со работа, на него дипломирале околу 1800 студенти. Во 1946 година, со закон на тогашната Влада тој е обновен, како прва единица на првиот македонски универзитет. По независноста на државата, Филозофскиот факултет донесе големи промени кои се наметнале како нова етапа во развојот на високото образование, соопшти Деканатот на Филозофскиот факултет.

Факултетот сега има 15 студиски програми на додипломски и 25 на постдипломските студии, 12 институти  и 12 библиотеки.  Во согласност со потребите на новото време, почнат е процес на дигитализација, а целиот библиотечен материјал може да се пребара електронски.

– Факултетот денес ги следи и светските трендови, пред сè  во делот на визитинг-предавања од водечки светски професори, меѓународна размена на професори и студенти, реализирање летни школи и семинари. Во изминатите децении факултетот е вклучен и во носењето на многу закони и стратегии во разни области. Пред него ќе има тешка и одговорна задача да создава и применува образовни модели соодветни на интересите на младите луѓе во земјава, а применливи во меѓународниот трансфер на идеи, наведува Деканатот на Филозофскиот факултет по повод 101 година од почетокот на неговата работа.

101 година одбележува Филозофскиот факултет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.