Кризата во Украина по руската инвазија на оваа земја, диктираше итна седница и на УЕФА, на којашто без донесени некои одлуки со цел санкционирање на Русија.
На Русија ѝ беше одземено финалето на Лигата на шампионите, кое требаше да се одржи на 28 мај во Санкт Петербург во „Газпром арената“.
УЕФА ѝ го одзеде правото на Русија да биде домаќин на ова финале, а според информациите на познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, тоа е префрлено на Париз.
ПСЖ на тој начин доби можност да ја има предноста на „домашниот терен“ во случај да стигне до финалето. Во моментов тие се на добар пат да останат во трка, бидејќи по првиот осминафинален натпревар го совладаа Реал Мадрид со 1-0 со голот на Килијан Ембапе и со тој резултат одат на реванш во Мадрид.
УЕФА треба да донесе одлука и за баражот на натпреварите на Украина и Русија за пласман на Светското првенство во Катар.