Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска полиција: Изјавите на Русковска за побараните предмети се невистинити

0
By Sashko on August 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невистинити се изјавите на обвинителката Вилма Русковска дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека и се доставени само 30-тина предмети кои таа не ги ни барала, реагираат од Управата.

Со Наредбата за претрес и Барањето за податоци од страна на Управата за финансиска полиција, додаваат, се бараат сите анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот, односно денот на одговор по барањето.

„Во барањето за податоци даден нѝ е рок за постапување од 10 дена и истиот започна да тече од 18 јули 2022 година. Седум дена по претерсот и барањето, односно на 25 јули, кога Управата за финансиска полиција излезе со соопштение во јавноста во кое информиравме за претресот и поднесени претставки поради сомнение за злоупотреби од страна на обвинителката Вилма Русковска, во 14 часот во Управата пристигна допис со кој што се бараше Управата веднаш да ги достави дотогаш прибраните предмети и списи. Управата за финансиска полиција во тој момент располагаше со обезбедени 35 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето“ и тие предмети беа веднаш доставени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција“, наведуваат од Управата.

Во меѓувреме, како што посочуваат оттаму, постапувајќи по наведеното барањето од страна на Управата за финансиска полиција, дополнително се обезбедени уште 150 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето и за истото Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со допис е известено.

„Во дописот, меѓудругото е наведено следното „ Согласно член 287 ст.2 од Законот за кривична постапка „Субјектите од ставот (1) на овој член се должни на јавниот обвинител да му достават податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи кои му се потребни во текот на постапката. Јавниот обвинител има право да бара податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи и од други правни лица и од граѓаните за кои може основано да смета дека располагаат со такви податоци или информации.“, а имајќи го предвид Извештајот од извршениот Надзор од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во кој што извештај е констатирана ненадлежност на обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска да постапуваат по конкретниот предмет РО бр.155/22, Ве молиме писмено да не известите на чие надлежно постапување, согласно одредбите од Законот за јавно обвинителство е доделен предметот РО бр.155/22, а со цел од страна на Управата за финансиска полиција на надлежниот јавен обвинител да му бидат предадени бараните податоци/ предмети и воедно со надлежниот обвинител да биде составен Записник за примопредавање на предмети“, се наведува во соопштението од Управата.

Управата за финасиска полиција, велат оттаму, е во исчекување на одговорот од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел да ги достави обезбедените податоци/предмети кои се побарани од Управата согласно Барањето за податоци РО 155/22 од 18 јули 2022 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.