Лондонски „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска, се чини, дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето, пренесе агенцијата ДПА.
Русија направи „голем стратешки гаф“, пишува весникот, цитирајќи официјални американски претставници.
Официјални претставници додадоа дека членството во НАТО за двете земји било „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на состанокот на шефови на дипломатии на Алијансата минатата недела.