НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирмите тврдат-работевме без техничка документација за бункерот

0
By Менче Атанасова Точи on August 17, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сето ова се случувало во време на екс министерот Тодоров и во Проектната единица на Банката(ЦЕП) каде работите ги водат се уште истите луѓе

Без соодветна техничка документација и со многу пропусти е бункерот каде што треба да биде сместен акцеларотот во Клиничката болница во Штип, тврдат во фирмата Даки Даме Транс ДООЕЛ од Демир Хисар кои последни работеа на овој објект. Од таму велат дека никогаш, од кога ја почнале градбата не добиле официјално Градежна дозвола со адекватна техничка документација од Министерството за здравство.

Од времето на екс министрот Тодоров до сега таму се променија неколку фирми, а сите се жалат на начинот со кој функционирала соработката со Проектната единица на Банката за развој на Совет на Европа(ЦЕБ) преку која се градат болниците.

Темелите на бункерот беа ставени пред четири години, но до денес овој објект не е завршен.  Последно, работата сега е дадена на грчката фирма Интеркат која ја гради болницата. Апаратот за зрачење на болните од рак, односно акцелераторот четири години стои нераспакуван, а рокот на гаранцијата најверојатно е веќе истечен.

Сопстевникот на фирмата Наум Симјановски објаснува дека тие ја превземале работата на бункерот и со активности започнале во јануари 2016 година, по фирмата Мак- Строј кои започнаа да го градат објектот во 2014 година, но им била активирана банкарската  гаранција. Првичниот договор со Мак Строј бил на 1 милион евра и тие успеле да изградат 50 проценти од објектот. Вториот тендер, со втората фирма е на 300 000 евра. Но, кога од фирмата увиделе недоследности побарале уште 30 проценти од сумата со Анекс на договор..

„ Ние ја преземамвме работата една и пол година после фирмата Мак- Строј на која и беше активирана банкарската гаранција. Конструкцијата и фасадата беа готови, ние требаше да го работиме останатиот дел. Кога почнавме да работиме ги уочивме сите проблеми и во неколку наврати баравме техничка документација бидејќи имаше големи отстапувања и комплетно несоодветни димензии на објектот во однос на зададените проекти“, изјави за НОВА, Наум сопственикот на фирмата Даки Даме Транс ДООЕЛ од Демир Хисар.

Како што раскажува сопственикот, откако било реагирано, по повеќе натегања започнале со изготвување на нов Анекс на договор со нов предмер и пресметка за дополнителни работи кои не биле опфатени со првичниот договор.

Кликнете за да се зголеми документот

Се ова се случувало во време на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров и Проектната единица на Банката за развој на Совет на Европа(ЦЕБ), во која главно фигурираат истите луѓе и ги водат проектите со изградба и реконструкција на болниците и сега.

Многу финансиски средства биле потрошени за бункерот бидејќи секоја нова ситуација налагала и нови трошоци.

“  Понатамошните активности налагаа изведба на позиции кои не постоеја во првичниот договор, а беа неопходни за изведба на просторијата каде треба да биде сместен акцелераторот и тие се изведуваа согласно со дадените нареби на лица од Проектната единица. Започнатите преговори за Анекс на договор прекинаа и ние престанавме со работа се додека не беа уплатени уште 15, 600 евра. Во меѓувреме се даваа усни налози да се продолжи со работа на позиции кои ги нема во договорот со ветување дека истите ќе бидат опфатени со Анекс на договор“, објаснуваат во фирмата Даки Даме Транс.

Во тој период дошло до комплетен прекин на работите од страна фирмата бидејќи како што велат, не можеле да работат на тој начин како што налагале од Проектната единица при Министерството за здравство.

Тие до НОВА доставија документи кои биле доставени во Министертвото за здравство, а во кои се наведени сите недостатоци во бункерот. Потенцираат дека машинската инсталација комплетно технички не соодвествувала со реалната ситуација, а проектантот им укажал на техничките лица од Проектната единица дека испуштиле во тендерот две страни од предмер пресметката на самиот проект.

„Sидот е повисок за 1, 5 метри, направена е визба во која не може да се влезе, требало да има лифт, но нема. Со посебен тендер набавени се врати против зрачење и на фирмата која ги набавила се уште не и  се платени. Вода и одвод е направен преку дупчење на зидовите кои се со дебелина од 3 метри за да не пропуштаат зрачење. Ние две години го чуваме објектот откога ни ја активираа банкарската гаранција од 40 000 евра“, вели Наум Симјановски сопственик на фирмата.

Незавршениот објект на бункерот за ацелератор

Тој тврди дека никогаш не добиле образложение зошто им е активирана банкарската гаранција.

“Немаме официјалне документ зошто го раскинуваат договорот“, велат во Даки Даме Транс ДООЕЛ.

Од таму сметаат дека за да се заврши објектот потребни се дополнителни околу 300 000 евра.

И во фирмата Даки Даме Транс ДООЕЛ и во Мак-Строј потенцираат дека намало соодветна техничка документација и тврдат дека градежната дозвола за бункерот е посебна од таа на болницата, што значи дека бункерот никогаш не бил составен дел на болницата и заради тоа не можело да се направи варијација на договорот, како што е направено сега.

 

„Не се работеше според техничка документација. Не ни даваа проект, а не тераа да работиме. Бункерот е граден според наши правила и закони, а не по правила на Банката. Надлежните морале да распишат тендер бидејќи варијацијата не е направена по основ на договор. Станува збор за друг договор со трета фирма, со други позиции, друг изведувач, друг проект.“, велат за НОВА во фирмата Мак Строј од Битола.

Проблемот со новиот договор со Бункерот за акцелератор во болницата во Штип отвори многу прашања за кои НОВА изминатите денови пишуваше. Но, од фирмите велат дека не е само проблемот со бункерот во Штип, туку проблеми имало и со бункерот во Болницата „8 Септември’, но и со изградбата на останатите објекти на болниците во Охрид, Кичево, Дебар, болницата во Штип каде што очигледно ќе биде пробиен рокот на градба, но и со акцелераторите кои ниту се вградени, ниту се во функција.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.