Германскиот амбасадор во заминување во Подгорица, Пиус Фишер истакнал дека Црна Гора остварила значаен напредок на патот кон ЕУ и по зачленувањето на Хрватска, оваа земја ја препорачува за следна членка во Унијата.
Тој во текот на посетата кај потпретседателот на Владата и министерот за внатрешни работи и европски интеграции, Игор Лукшиќ, кажал дека се видливи резултатите во областа на владеење на правото и организираниот криминал, и во таа насока изразил очекување што поскоро да се избере Врховен државен обвинител.
Министерот Лукшиќ кажал дека Германија ја доживува како доверлив партнер на патот кон европските и евроатлантските интеграции и се заблагoдарил на досегашната поддршка во овие процеси.