Венко Филипче: Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија за убедливата изборна победа. Му посакувам многу успех во новиот, четврти мандат. Убеден сум дека соседна Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Оваа победа е уште една потврда дека граѓаните имат доверба во социјалдемократските вредности и прогресивните политики. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија.
Извор: Фејсбук