Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Важно е војната да запре, а Украина да добие безбедносни гаранции

0
By Zoran Ivanov on August 17, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел имаше средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, за да го договорат заедничкиот настап на утрешната средба во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп.

Покрај Фон дер Лајен и Зеленски на средбата со Трамп ќе учествува и европската „тешка артилиерија“: францускиот и финскиот претседател, германскиот канцелар, британскиот премиер, и италијанската премиерка, како и со генералниот секретар на НАТО.Консултациите меѓу нив се одвиваат вчера и денеска преку видо врски.

На  заедничката прес-конференција по средбата Фон дер Лајен и Зеленски беа прашани за ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето е непотребно и дека војната може да се запре со склучување мировен договор без прекин на огнот.

Трамп претходно рече дека „мировниот договор е поважен од примирјето“ и дека „примирјето не е потребно за да се запре војната“, на што Фон дер Лајен денеска одговори дека „како тоа ќе се нараче и не е важно“.

Важно е каква ќе биде изведбата, а изведбата мора да биде за да се запре убивањето, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека „тоа е најважното нешто, без разлика дали го нарекувате примирје или мировен договор“.

Украинскиот претседател и денеска се изјасни дека е клучно Европа да остане обединета како што беше во 2022 година, кога започна целосната руска инвазија, бидејќи само тогаш ќе биде можно да се постигне „вистински мир“.

Путин има многу барања, но не ги знаеме сите, рече Зеленски, додавајќи дека ќе биде потребно време да се разгледаат, но дека е „невозможно да се направи тоа под притисок на оружје“.

Тој го повтори вчерашниот европски заеднички став дека е потребен трилатерален самит на Украина, Русија и САД, но дека „Русија не покажува знаци дека се согласува на такви разговори“.

Доколку Русија одбие, тогаш мора да следат нови санкции, рече Зеленски.

Тој им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на САД за нивната подготвеност да соработуваат со Европа за да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, но нагласи дека „сè уште нема детали за тоа како би функционирало тоа“.

Нешто како Член 5 од НАТО, и веруваме дека пристапувањето кон Европската Унија мора да биде дел од безбедносните гаранции, додаде Зеленски.

Претседателката на ЕК беше децидна  дека меѓународните граници не можат да се менуваат со сила.

Само Украина и никој друг не може да одлучува за тоа. Тие не смеат да бидат доведени на маса без тоа, рече таа. Додаде дека Европската Унија ќе продолжи со санкциите против Русија сè додека продолжува крвопролевањето во Украина.

Таа на крајот ја поздрави подготвеноста на американскиот претседател да учествува во осигурувањето безбедносни гаранции слични на оние во Член 5 од НАТО, додавајќи дека и  Европската Унија е „подготвена да придонесе“ и нагласи дека одбраната на Европа е нејзина сопствена одговорност.

Меѓутоа, додаде и дека мирот мора да се постигне „преку сила“ и ги наведе главните услови што треба да ги содржи мировниот договор: безбедносни гаранции за заштита на Украина и Европа, зачувување на територијалниот суверенитет на Украина и целосна слобода на нејзините вооружени сили – вклучително и правото да се приклучат кон меѓународни организации и да добиваат помош од други земји.

 

Брисел Зеленски Фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.