НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Да ја комплетираме Унијата со 30+ членки, со живи демократии во кои судството е независно, се почитува опозицијата и новинарите се заштитени

0
By Ана Василевска on September 13, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа мора да одговори на повикот на историјата, која не повикува да работиме на комплетирање на нашата Унија и во свет каде што некои се обидуваат да ги одвојат земјите една по една, не можеме да си дозволиме да ги оставиме нашите сограѓани Европејци на страна, па затоа стратешки и безбедносни интереси на Европа е да ја комплетираме нашата Унија, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на пред Европскиот парламент во Стразбур.

– Треба да поставиме визија за успешно проширување. Унија комплетна со над 500 милиони луѓе кои живеат во слободна, демократска и просперитетна Унија. Сојуз заокружен со млади луѓе кои можат слободно да живеат, учат и работат. Унија комплетирана со живи демократии во кои судството е независно, се почитува опозицијата и новинарите се заштитени, рече Фон дер Лајен.

Според неа, сега е време да се размислува за подготовка за проширувањето за да се добие комплетна Унија.

– Треба да ги надминеме старите бинарни дебати за проширувањето. Не се работи или за зајакнување на интеграцијата или за проширување на Унијата. Можеме и мораме да ги направиме и двете. Тоа ни дава геополитичката тежина и капацитет за дејствување. Тоа е она што нашата Унија отсекогаш го правела, потенцира Фон дер Лајен.

Таа додаде дека секој бран на проширување доаѓа со политичко зајакнување и по падот на Железната завеса еден економски проект беше претворен во вистинска Унија на луѓе и држави.

– Сметам дека и следното проширување мора да биде катализатор за напредок. Почнавме да градиме Здравствена унија на 27 земји и верувам дека можеме да ја завршиме на 30+. Почнавме да ја градиме Европската одбранбена унија на 27 земји и верувам дека можеме да ја завршиме на 30+. Докажавме дека можеме да бидеме геополитичка унија и покажавме дека можеме брзо да се движиме кога сме обединети. И верувам дека Тимот Европа ќе работи и со 30+, рече Фон дер Лајан.

Таа потсети на големото проширување од пред 20 години, кое беше наречено „Европски ден на добредојде“ и беше триумф на решителноста и надежта над товарот од минатото.

– Во овие 20 години видовме економска успешна приказна која ги подобри животите на милиони луѓе. Сакам да се радуваме на следниот Европски ден на добредојде и на следните економски успешни приказни. Знаеме дека ова не е лесен пат. Пристапувањето се заснова на заслуги и Комисијата секогаш ќе го брани овој принцип, рече Фон дер Лајен.

За остварување на таа цел, според неа, потребна е напорна работа и лидерство, но веќе е постигнат голем напредок.

– Ги видовме големите чекори што Украина веќе ги направи откако и дадовме кандидатски статус. И ја видовме решеноста на другите земји кандидати за реформи, потенцира претседателката на ЕК.

Таа нагласи дека владеењето на правото и основните права секогаш ќе бидат основата на ЕУ и во сегашните и во идните земји членки, па затоа Комисијата како клучен приоритет ги стави Извештаите за владеење на правото.

Фон дер Лајен потенцира дека ЕК тесно соработува со земјите членки за да го идентификува напредокот и да даде препораки за годината што претстои, а тоа е овозможено со дијалог меѓу земјите членки, кој дава резултати и тоа може да го стори истото за идните земји членки.

– Затоа, со задоволство можам да објавам дека ќе ги отвориме Извештаите за владеење на правото за оние земји кандидати да се движат побрзо и ова ќе ги стави на еднаква основа со земјите членки. Поддржете ги во нивните реформски напори. И тоа ќе помогне да се осигуриме дека нашата иднина е Унија на слободи, права и вредности за сите, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека тоа е во заеднички интерес.

Според неа, Европскиот парламент отсекогаш бил еден од главните двигатели на европската интеграција, како во изминативе децении, така  и денес.

– Јас секогаш ќе го поддржувам овој Дом и сите оние кои сакаат да ја реформираат ЕУ за таа да функционира подобро за граѓаните. И, да, тоа значи и промена на Договорот за ЕУ, ако и каде е потребно. Но, не можеме и не треба да чекаме промената на Договорот за да продолжи проширувањето. Унијата погодна за проширување може да се постигне побрзо, рече Фон дер Лајен.

Според неа, тоа ќе значи одговарање на практични прашања за тоа како Унијата од над 30 земји ќе функционира во пракса, но добрата вест е дека со секое проширување оние кои велеа дека тоа ќе не направи помалку ефикасни, се покажа дека грешат.

– Треба да ја разгледаме поблиску секоја политика и да видиме како тие би биле засегнати од една поголема Унија. Ова е причината зошто Комисијата ќе започне да работи на серија прегледи на политиките пред проширувањето за да види како секоја област можеби ќе треба да се прилагоди на поголема Унија. Ќе треба да размислиме како би функционирале нашите институции – како би изгледале Парламентот и Комисијата. Треба да разговараме за иднината на нашиот буџет – во однос на тоа што финансира, како го финансира и како се финансира. И ние треба да разбереме како да обезбедиме веродостојни безбедносни обврски во свет каде одвраќањето е важно повеќе од кога било, рече Фон дер Лајен.

Таа порача дека на овие прашања мора да се даде одговор денес ако ЕУ сака да биде подготвена за утрешнината и Комисијата ќе ја одигра својата улога во тој процес.

– Ова е причината зошто ние ќе ги изнесеме нашите идеи на дискусијата на лидерите под белгиското претседателство. Ќе бидеме водени од верувањето дека комплетирањето на нашата Унија е најдобрата инвестиција во мир, безбедност и просперитет за нашиот континент. Значи, време е Европа уште еднаш да размисли за големата слика и да си ја напише сопствената судбина, нагласи Фон дер Лајен.

ЕУ интеграции Проширување на ЕУ до 2030 Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.