На аеродромот во Скопје ја пречека вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Матричиќ, кој веста ја соопшти на Фејсбук.
„Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес“, напиша Маричиќ.
„Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година. На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“, пишува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Матричиќ.