Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондот без одговор зошто одобрението за лекување го испрати по смртта на Тамара

0
By Менче Атанасова Точи on February 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема одговор од Фондот за здравство зошто Решението со кое се одбрува лекување во странство на Тамара, семејството го доби синоќа, четири дена по нејзината смрт. Дали станува збор за бавна административна процедура, доцнење на Комисијата или грешка. На телефон не се достапни ниту службите за односи со јавност.

Единствено што добивме како информација е дека е одобрено лекување во Турција на 12 годишната Мартина Стојковска од Струмица која има искривен рбет, а нејзината здравствена состојба се повеќе се влошува.

„ФЗОМ ја информира јавноста дека позитивно е решено барањето за лекување во странство на девојчето М.С, кое се испраќа на лекување во странство во Турција, во времетраење од осумнаесет дена и во придружба на родител. Родителите се информирани“се вели во краткото соопштение од Фондот за здравство.

Семејството на малата Тамара синоќа доживеа вистински шок во нивниот дом во Велес, стигнало Решение од Фондот за здравство со кое и се одобрува лекување на Тамара во странство. Иронијата да биде поголема Решението е испратено на 11 февруари, два дена откако почина малата Тамара, а одлуката е донесена на 6 февруари, три дена пред да почине.

Потписници на документот се претседавачите на двете комисии, на Првостепена Викторија Чаловска и на Второстепена комисија Анастасика Поповска, како и двајцата директори на Фондот Маја Парнаџиева Змејкова и Џемаил Мехази. 

„Гневна сум, поголема иронија во животот немам доживеано. Не и дозволија да се лекува, а сега ја вознемируваат и почината. Што да правам со решението на гробот ли да и го однесам“ со растреперен глас и видно вознемирена вели Жаклина, мајката на Тамара за НОВА.

Откако семејството апелираше за помош во медиумите, министерот Тодоров рече дека ќе се заложи за случајот и вети дека Тамара ќе отпатува на лекување во странство. Но, само усно. 

Решението во домот на Тамара стигна премногу доцна, четири дена по нејзината смрт. Откога почина малата Тамара, Комисијата во Фондот експресно одобри лекување на Мартина која исто така има деформитет на рбетот, а неофицијално позитивно е решено и за уште еден случај на седумгодишно девојче. Ова е Решението со кое се одобрува лекување кое семејството Димовски го доби откога почина нивната ќерка.





Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.