Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондот за здравство се оградува од одговорност за смртта на Тамара

0
By Менче Атанасова Точи on February 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Фондот за здравство се оградува од одговорноста за смртта на малата Тамара Димовска. Од Фондот денеска излегоа со објаснување за случајот, за како што рекоа да медиумите да не објавуваат шпекулации и да изразат сочувство до семејството.

„Фондот за здравство не е причинител за смртта на малата Тамара, а кој е не знаеме. Ние не сме лекарска установа и не знаеме од што починало девојчето. Доколку родителите бараат институционална одговорност ние стоиме на располагање“, изјави Бранко Аџигогов , советник на директорот на Фондот.

Аџигогов рече дека за сериозноста на случајот одлучуваат лекари, постои Комисија составена од седум лекари.

„Овој случај беше решен во декември минатата година. Турскиот лекар кој требаше да ја изврши операцијата бараше помош од уште двајца спинални хирурзи бидејќи операцијата беше комплицирана. Со родителите се договоривме после 8-ми февруари да биде договорена процедурата“ изјави Бранко Аџигогов , советник на директорот на Фондот.

Случајот на малата Тамара која имаше тежок деформитет на рбетниот столб се влечеше цели три години. Институциите не можеа да се договорат каде ќе се оперира девојчето, а за тоа време нејзината здравствена состојба се влошуваше, кривината достигна до 80-100 степени, така што и странските лекари почнаа да креваат раце.

Неофицијално, од Министерство за здравство била издадена наредба да се стопираат сите операции на рбетниот столб, се додека не се отвори новиот Спинален центар. Нема потврда од Министерството за ваквата информација. Министерот Тодоров денеска не се одважи да се појави во јавноста и да објасни зошто не се направи ништо за да се спаси еден млад живот.

Изминатиот период се покажа дека Министерството и Фондот не се координирани меѓу себе, така што дури и министерот Тодоров во една прилика пред Нова година, пред новинарите изјави дека мислел дека случајот со Тамара е решен.

Граѓаните се згрозени и на социјалните мрежи масовно повикуваат на оставка на министерот Тодоров.

Семејството Димовски од Велес, најави дека ќе бара одговорност за смртта на нивната 9-годишна ќерка.

Инаку, пред две години на 26 јануари 2013 година година Владата излезе со информација дека во иднина граѓаните ќе плаќаат само 200 евра партиципација за лекување во странство. Од тогаш процедурата за испраќање во странство не е поедноставена, ниту забразана.

Случајот на Тамара Димовска покажува дека институциите потфрлија со малото девојче. Вакви операции, не се ништо ново во медицината, но долгото одолговлекување на постапката ја влоши нејзината здравствена состојба и на крај се заврши со смртен исход.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.