Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Форбс: Минчо Јорданов најбогат во Македонија

0
By Нова ТВ on May 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петмина Македонци се најдоа на последната листа на „Форбс“ за најбогатите луѓе во регионот. Сопственикот на „Макстил“, „Бетон“, „Факом“ и на повеќе други фирми, Минчо Јорданов, е најимотниот бизнисмен во земјата. Зад него на листата се Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед“, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“, Свето Јаневски, прв човек на „М6“, и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“, дознава „Утрински весник“.

Листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе на Балканот е составена врз основа на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза. Во Македонија, наведува магазинот, листата може да биде и непотполна, бидејќи постои голема нетранспарентност на пазарот на капитал. Законот за хартии од вредност не дозволува објава на имињата на акционерите, кои имаат помалку од 5 отсто удел во компаниите. Исто така, во Македонија, голем број фирми кои имаат годишен обрт од милиони евра не котираат на Берза.

„Форбс“ заклучува дека во Македонија во последните години сѐ поуспешно се води бизнис во телекомуникациите и енергетскиот сектор, а атрактивни се и фирми од фармацијата, трговијата, туризмот и производството на вино. Тројца од петте најбогати Македонци се сопственици на винарници.

Најбогатиот бизнисмен во нашата земја, Минчо Јорданов, според процените на магазинот, кој во составувањето на своите листи ги анализира вредноста на акциите што котираат на Берза, тежи 27 милиони евра. Во „Макстил“, директно или преку други компании, Јорданов контролира акции вредни 18,7 милиони евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит.

Штерјо Наков, сопственикот на шпедитерската компанија „Фершпед“, хотелот „Александар Палас“, винарницата „Сковин“ и други фирми, е вториот на листата најбогати македонски бизнисмени. „Форбс“ за него вели дека е тајкун во сенка, кој пред неколку години бизнисите им ги предал на синовите. Има удели во „Фершпед“ кои вредат околу 3 милиони евра, а преку оваа фирма контролира акции во други компании, вредни 10 милиони евра.

Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, преку фирмата-ќерка, „Оилко“, ги контролира најголемиот дел од акциите во компанијата. На Берза тие вредат 5,4 милиони евра. Фирмата лани имала приходи во висина од 399 милиони евра, пет милиони евра помалку од 2011 година. Јосифовски, наведува „Форбс“, е еден од ретките бизнисмени во Македонија кој не ја крие платата, која изнесува 140.000 евра годишно.

Македонски крал на пијалаците за магазинот „Форбс“ е Свето Јаневски. Тој долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија „М6“ во 2011 година им ги продаде акциите на „Кока-Кола Хеленик“ и „Хајнекен“ за 34 милиони евра. Јаневски е и сопственик на винарницата „Тиквеш“, каде што поседува акции вредни 6,9 милиони евра.

Петтиот меѓу најбогатите Македонци и најмладиот на оваа листа на милионери е Живко Мукаетов, сопственик на „Алкалоид“. Тој во компанијата поседува акции со вредност од 7,3 милиони евра, а неговата сестра Билјана има акции од 5,1 милиони евра. Приходите во 2012 година биле 110 милиони евра, компанијата секоја година бележи раст, а нејзините акции се едни од најатрактивните на Македонска берза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.