„Формата на водата“ на Гиљермо дел Торо е филмот кој годинава ги предводи номинациите за филмските награди БАФТА. Филмот е номиниран во 12 категории.
Веднаш зад него со по девет номинации се „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ и „Најтемниот час“.
Она што е заедничко за овие три филмови е тоа што сите се режирани од мажи, што покрена дебата во филмската индустрија, особено по наградите Златен Глобус, каде фокусот беше ставен на секс-скандалите во Холивуд, особено малтретирањата врз жените во оваа скапа индустрија.
За најдобар режисер се номинирани исто така само мажи.
Сепак главните улоги во „Формата на водата“ и „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ се женски актерки. Уште две жени се номинирани за најдобро сценарио, Грета Гервиг за „Ќена птица“ и Ванеса Тејлор заедно со дел Торо за „Формата на водата“.
Филмските награди на Британската Академија (БАФТА) се закажани за 18.февруари во Ројал Алберт Хол во Лондон.