Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фосилниот остаток од Долни Дисан е на еден од предците на слоновите

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фосилни остатоци од изумрен слон од пред околу осум милиони години се откриени во близина на неготинско Долни Дисан. Според првичните согледувања, најверојатно станува збор за остатоци од околу 50-годишно животно, тешко околу 10 тони.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска го посети локалитетот и изјави дека се работи за голем палеонтолошки наод, што го открија во меѓусебна соработка научниците од Природонаучниот музеј на Македонија и нивните соработници од Бугарија.

– Македонија има неколку исклучително ретки наоди и ова е едно од поспектакуларните откритија. Тоа ја сместува Македонија и на палеонтолошката мапа на Европа и светот и драго ми е што ние имаме капацитет вакви наоди, прво научно да ги истражиме, а потоа да ги ставиме на увид на јавноста, со што нашите музеи, особено специфичноста на Природонаучниот музеј, добива на значење, нагласи министерот за култура.

Алаѓозовски информира дека Министерството за култура ќе ја поддржи и понатамошната работа на овој вреден тим на истражувачи и ќе ја овозможи сета понатамошна обработка и презенатција на материјалот.

Билјана Гаревска од Природонаучниот музеј од Скопје појасни дека станува збор за фосилен остаток на еден од предците на слоновите.

– Станува збор за род што е општо познат кај нас во Македонија и во Европа, меѓутоа интересно е тоа што првпат наоѓаме повеќе коски од истиот вид на исто место. Се работи за две коски од екстремитети и катници. Катникот ни дава можност да дознаеме за староста и возраста на животното и останати коски кои дополнително ќе треба да ги доизвадиме. Пронајдокот е од пред осум милиони години, според геолошката карта, рече Гаревска.

Задоволство од откритието изрази и Николај Спасов, професор на Бугарската академија на науките и директор на Националниот природоначуен музеј при Бугарската академија.

– Тука е едно од најинтересните палеонтолошки откритија од доцниот миоцен на Македонија од времето на т.н. фауна, кога природата на Балканот била многу поблиску до далечната африканска фауна отколку сегашната. Се радуваме бидејќи ја направивме првата експедиција на Музејот на Македонија и на Националниот Природонаучен музеј на Бугарија при БАНУ и горд сум што успеавме да го направиме ова. Се радувам дека ќе работиме заедно, рече Спасов. Додаде дека овој вид на истражување има не само локална важност туку и за сите учесници во истражувањето во оваа област.

Методија Велевски, в.д. директор на Природонаучниот музеј нагласи дека идејата е до крајот на годината овој наод да биде изложен во постојаната изложба на Природонаучниот музеј.

– Тоа не е ни малку лесна работа. Материјалот е многу ронлив и ќе биде потребно многу време да се состават повторно тие фрагменти, да се заштитат, да се подготви практично презентација и промоција на овој настан, додаде Велевски.

Локалниот жител Васо Ташев изјави дека најпрвин пронашол еден дел од коската и знаел оти има поголем дел. Го засипал и им го покажал на стручните лица од музејот.

Во тек се палеонтолошките ископувања од страна на експерти за колекционирање и конзервирање на пронајдените фосилни остатоци.

Палеонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија, од 20 април 2018 година започнаа со ископување на фосилни остатоци од изумрен вид на слон (Choerolophodon pantelici). Фосилните остатоци беа откриени при заедничката теренска работа кај селото Долни Дисан во 2017 година. Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење.

Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не и е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки, затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.