Расфрлан градежен шут, стакло, хигиенски средства, презервативи, облека, пластична амбалажа, кеси, телевизори, покуќнина, угинати животни. Ваква дива депонија се наоѓа на 150 метри од управната зградата на Националниот парк Галичица.
Десетици фотографии на кои се гледа грдата слика ни испратија читатели на НОВА, тврдејќи дека таму се случува еколошка катастрофа. Тие тврдат дека сите материјали се сипратени и до еколошките здруженија.