Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски се враќа во Македонија од Виена каде што, како што велат од партијата бил на средба со лидерот на австриската владејачка народна партија Вернер Амон.
Според фотографијата што ја ни ја испратија читатели на НОВА, тој се наоѓа во полноќниот лет од Виена за Скопје.
Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста закажа за утре лидерска средба со парламентарните партии за разрешување на ситуацијата која настана откако демонстрантите насилно влегоа во Собранието, по изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот од страна на мнозинството.