Граѓани од Скопје веќе пријавуваат штети поради земјотресот, кој иако не беше фатален, сепак беше посилен земјотрес. Од вкупно три земјотреса денеска, последниот кој го зафати Скопје во 15:10 попладнево, беше со јачина од 5.1 степен по Рихтер.
Ова е фотографија направена на во населбата Железара каде што паднал оџак врз автомобилот. Полиција врши увид.
Подолу, пак, гледате фотографија од социјалните мрежи снимена во супермаркетот Веро каде што се гледа дека земјотресот ги кутнал производите од полиците.