Принцот Џорџ за првпат се појави во јавноста после три месеци, откако неговите родители принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт, вчера ја одржаа неговата крштевка во Сент Џејмс палатата.
Џорџ бил облечен во наметка и чипка од сатен, реплика од облека направена во 1841 година за крштевката на најстарата ќерка на кралицата Викторија.
Тоа што Џорџ е крстен во црква, е познајачно за било кој од другите бидејќи во иднина ќе стане крал, а со тоа и врховен гувернер на Црквата во Англија.
.jpg)
Кралското бебе кое се роди во јули годинава, има седум кумови, помеѓу кои братучедот на Вилијам, Зара Тиндал, ќерка на принцезата Ен. Помеѓу кумовите е и Оливер Бејкер кој ги запознал Вилијам и Кејт на универзитетот Сент Ендрјус, како и Емилија Жардин-Патерсон, пријателка на Кејт од школските денови, и пријателот од детството на принцот, Вилијам ван Кастем.
.jpg)
Другите кумови се Џејми Лотер-Пинкерот, поранешен приватен секретар на војводата и војвотката од Кембриџ, потоа Џулија Самјуел, пријателка на мајката на Вилијам, принцезата Дајана, како и Ерл Гросвенор, син на војводата од Вестминстер.

