После четири месеци поминати во тишина, девојката на Едвард Сноуден, Линдзи Милс, на својот блог поставила серија слики за кои светските медиуми ги опишуваат како „чудни“, бидејќи наводно тие претставувале шифрирани пораки упатени до Сноуден.
(ノ^.^)ノ
Балерината Милс (28), која живеела со Американецот на Хаваите, пред тој да ги открие тајните на НСА, на секоја слика оставила по неколку интерпункциски знаци, но и визуелни форми.
(_ _ )
Ова е прво излегување во јавноста на Линдзи Милс откако Едвард Сноуден ја напушти Америка.
☼
Поранешниот работник во службите на НСА е обвинет за шпионажа и кражба на владин имот на САД, за многумина во светот, тој важи за херој – во моментов се наоѓа на привремен азил во Русија.
(^-^)/