Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФОТО – Со полна пареа и рано навечер се работеше на театарот

0
By Нова ТВ on May 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во 19 часот работниците со полна пареа работеа на театарот со цел да го подготват за утрешното отворање.

Околу 50-ина работници вредно работеа на партерното уредување и иако беше 19 часот тие немаа абер од запирање. Надвор пред театарот се работеше на поплочувањето, како и на партерното уредување. Се чистеа тукушто поставените плочки, како и тротоарот пред театарот, па дури и улицата.

Плочки се поставуваа насекаде со цел тие целосно да бидат поставени до утре, а се слушаа и машините кои ги сечеа плочките до потребната големина.

Покрај ова, на двете страни од влезната врати поставени се и две посебни скулптури, кои ќе ги дочекуваат гостите.

Новата зграда на Македонскиот народен театар ќе биде предадена утре а за отворањето во петок се подготвува музејска театарска поставка, што ќе првиот театарски музеј во земјава.

„Плакати, монографии, документи, лични предмети, реквизити ќе сведочат за богатата театарска меморија на оваа земја“, вели театрологот Јелена Лужина.

За барокната орнаментика на театарот бил задолжен тим од десетина уметници и историчари на уметноста предводени од Елизабета Димитрова од Факултетот за историја на уметноста.

Во театарот има и 46 скулптури. Големата сцена има 724 седишта, а малата – 215.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, театарот чини 39 милиони евра. Од кои за скулптури на фасадата и партерот се потрошени речиси 580 илиади евра.

За завесата во овој театар се потрошени 582 илјади евра.

За ентериерот, позлатените орнаменти и и осветлувањето се потрошени 11, 5 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.