Над десет милиони посетители од земјава и надвор од неа, во изминативе 2 години го посетиле Скопје Сити мол, кој во саботата на 4 октомври го прослави својот втор роденден.
Негувајќи ја традицијата, тимот на Скопје Сити мол понуди многу забавни мигови во текот на трите славенички дена на сите свои посетители, почнувајќи од 3 заклучно со 5 октомври.
Централната забава се случи во саботата на 4 октомври. Почна во раните утрински часови, а заврши со спектакуларно шоу вечерта, каде што акцентот беше ставен на модата и музиката.