Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фотогалерија) Спасовски ги посети повредените полицајци

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ги посети повредените полицајци кои, рече, се храбри припадници на македонската полиција што беа повредени при извршување на службени дејствија на вчерашниот јавен собир пред Владата, МНР и пред Собранието.

Спасовски, притоа, го осуди насилството над полициските службеници кои настрадаа додека ја извршуваа својата должност.

„Во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување“, изјави тој.

Спасовски уште еднаш потенцираше дека се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди.

„На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега“, рече министерот.

Тој дополни и дека нема ниту еден повреден граѓанин, приведени се 11 лица, и дека од страната на полицијата не биле употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

„Уште еднаш сакам да упатам апел до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политичка агенда, а организаторите на протестите и граѓаните ги повикувам да покажат демократски капацитет, да победи здравиот разум, и да не се повтори никогаш веќе 27 април“, порача министерот за внатрешни работи.

Тој подвлече и дека во Северна Македонија нема место и нема оправдување за насилство. „Дијалогот треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Благодарност до граѓаните кои дадоа поддршка за МВР и полициските службеници кои стоеја во одбраната на безбедноста, како и до медиумите за објективното информирање“, вели министерот Спасовски. (С.К.)

Оливер Спасовски посета на повредени полицајци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.