Француското министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор во Франција да даде објаснување во врска со написот во весникот Монд, според кој наводно американската Агенција за национална безбедност следела околу 70 милиони телефонски разговори во Франција.
Користејки ги информациите од Едвард Сноуден, „Монд“ објави дека меѓу декември 2012-та и јануари 2013-та, американската агенција автоматски ги следела комуникациите на одредени телефонски броеви во Франција, при што, не станувало збор само за осомничени терористи, туку и за бизнис лидери и политичари.
Воедно, германски „Шпигел“ објави дека следени биле и комуникациите на претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон.