Според министерот за одбрана на Франција, Жан-Ив ле Дриан, нема преговори со исламистичките бунтовници кои киднапираа едно француско семејство во Камерун
„Нема да преговараме на овие основи, со овие групи“, ле Дриан изјави за француската радио станица РТЛ. Тој додаде дека тие ќе ги употребат сите можни средства за ослободување на заложниците.
Изјавата на радио доаѓа еден ден откако бунтовниците, во Нигерија објавија морничаво видео од фамилијата, грабната во соседен Камерун.
Во видеото седум-членото семејство беше опкружено од вооружени војници припадници на Боко Харам движењето. На видеото се гледа како еден од заробените чита изјава со барање за ослободување на затворениците припадници на Боко Харам од Нигерија и Камерун.
„Излезете во пресрет на сите наши барања кои ги споменавме, и ако изоставите само едно, ние ќе ги убиеме овие заложници“, е една од пораката на маскираните лица во истото видео.
Според ле Дриан, ова е прв пат деца да бидат заложници.
„Ова е недозволива ситуација. Сите државни служби се мобилизирани за ослободување на нашите сограѓани“ изјави францускиот министер за одбрана.