Владејачките социјалисти во Франција претрпеа голема загуба на локалните избори, според првичните резултати и се смета дека Социјалистите се погодени од растечко незадоволство околу економијата.
Во Париз, кој има социјалистички градоначалник од 2001 година, кандидатката на Социјалистите Ан Идалго ја порази Натали Косјуско- Моризе, од УМП.
Ан Идалго, прва жена грaдоначалник на Париз
Опозиционата десница УМП прогласи победата, додека екстремната десница слави понатамошни победи.
Лидерот на УМП, Жан-Франсоа Копе, го поздрави она, што тој го нарекува “синиот бран” на поддршка за неговата централно-десничарска партија.
Екстремно десничарската партија Национален Фронт (ФН) победи во седум градови, според првичните резултати.
Одзивот на гласачите во вториот круг гласање беше на ниско ниво, што беше лоша вест за социјалистите и претседателот Франсоа Оланд, со оглед на тоа што нивните поддржувачи не гласаа, известува дописникот на Би-Би-Си од Париз Хју Шофилд. .
Националниот фронт на Марин Ле Пен победи во јужните градови Безие и Фрежус и во Вилер-Котре, северо-источно од Париз.
Централно-десничарската УМП победи во клучни градови, вклучувајќи ги Сант-Етјен, Ремс и Рубе.