Алжирска група на џихадисти објави видео во кое се прикажува како се обезглавува францускиот турист Ерв Гурдел, кој беше киднапиран годинава објавува Би-Би-Си.
Воената група Јунд Ал Килафа вчера постави рок од 24 часа Франција да го запре воздушниот напад врз Ирак.
55-годишниот Гурдел бил киднапиран во североисточниот ргион Кабили.
Франција им се приклучи на САД минатата недела во подигнување на воздушни напади врз војниците на Исламската држава.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот, Мануел Валс, јавно го отфрлија ултиматумот на групата во вторникот.
Видеото од Гурдел било насловено „Крвава порака за француската влада”.
Исламската држава уби веќе три заложници од август: американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф и и британскиот хуманитарен работник Дејвид Хејнс. Нивната смрт беше снимена и објавена на интернет.
Групата, исто така, се закани дека ќе го убие Алан Хенинг, таксистот од Велика Британија, кој бил грабнат за време на мисија за помош на Сирија во декември.